вторник, мај 20, 2025
22.7 C
Skopje

Кремљ во моментов не гледа можност за обновување на дијалогот со Европа

Русија во моментов не гледа основа за обновување на дијалогот со Европа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неколку часа откако ЕУ го усвои шеснаесеттиот пакет санкции против Москва во врска со војната во Украина, пренесоа британските медиуми.

Песков рече дека Русија сака да најде решение за украинскиот конфликт со водење дискусии со САД и ја обвини Европа дека сака да продолжи со непријателствата.

-Европејците продолжуваат по досегашниот пат и се убедени во потребата од продолжување на војната, рече Песков.

„Ова убедување на Европејците е во целосна спротивност со напорите да се најде решение за Украина, што во моментов го правиме со Американците“, додаде тој на третата годишнина од рускиот напад врз соседната земја.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови