сабота, декември 14, 2024
-0.2 C
Skopje

Лидерите на Г7 сакаат да ја ограничат цената на руската нафта

Лидерите на Г7 – индустриски најразвиени земји планираат да ја ограничат цената на руската нафта и да усвојат пакет координирани акции со цел да се зголеми притисокот на Русија поради војната во Украина.

„Двојните цели на лидерите на Г7 се директно насочени кон намалување на приходите на рускиот претседател Владимир Путин, пред се на основа на енергенсите, но и да се минимизира преливањето на последиците на економијата на Г7 и остатокот од светот“ изјави американски државник на брифинг на маргините на годинешниот Г7 самит, пренесува „Ројтерс“.

Лидерите на Г7 на крајот на самитот ќе најават и „долгорочна безбедносна поддршка за Украина, низ финансиска, хуманитарна, воена и дипломатска помош се додека е потребно“ вклучувајќи и благовремено обезбедување напредно вооружување, соопштија од Белата куќа.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови