недела, декември 15, 2024
3.8 C
Skopje

Лубинец: Дваесет проценти од населението ја напушти Украина поради војната

Над седум милиони Украинци ја напуштиле земјата поради војната, што е околу дваесет проценти од населението, соопшти Дмитро Лубинец, комесарот на украинската Влада за човекови права.

„Седум милиони и деветстотини илјади луѓе избегаа од Украина, што е 20 отсто од населението во нашата земја“, рече Лубинец. Тој додаде дека интерно во земјата се раселени 4,9 милиони граѓани, од кои 30 отсто пензионери и лица со инвалидитет.

„Ефективно, секое второ семејство од тие луѓе има едно или повеќе деца“, додаде тој.

Лубинец уште рече дека 13 милиони Украинци останале во моментално окупираните области каде што се водат интензивни борби. Околу 46 илјади Украинци се евакуирани од селата и градовите и живеат на работ на хуманитарна катастрофа.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови