недела, октомври 13, 2024
15.8 C
Skopje

Малезија врати 3.700 тони отпад во богатите земји, порача дека не е депонија

Малезија вратила 150 контејнери со пластичен отпад во побогатите земји порачувајќи дека нема да биде светска депонија.

Откако Кина престана да увезува отпад во 2018 година, овој регион е преплавен со пластика од поразвиените економии како САД и Велика Британија, пренесува АФП.

Владите низ целиот регион сега ја враќаат нелегално увезената пластика, а министерката за животна средина Јео Би Јин изјави дека Малезија вратила 150 контејнери што пренесувале 3.737 тони отпад во различни земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија и САД.

Земјите што го праќале отпадот морале да ги покријат трошоците за враќање на контејнерите.

„Не сакаме да дадеме ниту денар за тоа. Кога некој нелегално ќе го фрли своето ѓубре во вашата земја, нема вие да платите за да биде вратено назад“, рече Јин.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови