четврток, септември 19, 2024
19.8 C
Skopje

Мухамед Јунус положи заклетва како привремен премиер на Бангладеш

Нобеловецот Мухамед Јунус попладнево во претседателската палата во Бангабабан положи заклетва како привремен премиер на Бангладеш, три дена откако поранешната премиерка Шеик Хасина избега од земјата поради насилните протести против нејзината влада.

Началникот на Генералштабот на армијата на Бангладеш, генерал Вакер Уз Заман и клучните организатори на студентското движење против дискриминација го пречекаа Јунус (84), пионер во микрокредитирањето против сиромаштијата, на аеродромот во главниот град Дака, каде што пристигна со авион од Париз.

Приватните телевизиски канали во Бангладеш директно го пренесуваа неговото пристигнување од аеродромот, додека неколку илјади луѓе се собраа надвор да го пречекаат.

Одлуката за негово именување беше донесена во вторникот на состанокот меѓу главните организатори на протестите, високи офицери и претседателот на Бангладеш, Мохамад Шахабудин.

Во насилните протести, што почнаа во јули, загинаа околу 400 лица, а беа иницирани со барањата за прекинување на контроверзниот владин систем за квоти за работни места.

Во меѓувреме, ситуацијата во Дака почна да се нормализира, а од вчера канцелариите, банките и компаниите делумно се отворени, три дена откако поранешната премиерка поднесе оставка и побегна во Индија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови