недела, декември 8, 2024
0.8 C
Skopje

Нападот во Копенхаген не е терористички акт, тврди полицијата

Шефот на полицијата Сорен Томасен изјави дека нема индикации оти вчерашниот напад во трговскиот центар во Копенхаген е терористички акт.

Како што додаде, 22-годишниот осомничен Данец има историја на психички проблеми.

Младиот Данец уби три, а повреди повеќе лица.

Жртвите се две 17-годишни лица од Данска и 47-годишен руски државјанин. По двајца Данци и Швеѓани се во критична состојба во болница.

Напаѓачот ѝ се предаде на полицијата без да пружа отпор. Тој беше уапсен само неколку минути по пукањето, јави Би-би-си.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови