вторник, мај 20, 2025
24 C
Skopje

Најмалку 14 жртви во судир меѓу полицијата и наркокартел во Мексико

Најмалку 14 лица, меѓу кои и четворица полицајци, загинаа во судир на полицијата со членови на наркобанда во мексиканскиот град Вила Унион.

Полицијата се судри со припадниците на наркобандата на околу 65 километри југозападно од градот Пиедрас Неграс, соопшти Владата на северната држава Коахиља.

Гувернерот на државата, Мигел Рикелме Солис, истакна дека државата остро се спротивставила на картелите и нивните убијци. Тој додаде дека четворица полицајци се убиени, а шестмина се повредени.

Солис рече дека се верува оти напаѓачите се членови на картелот „Североисток“ од државата Тамаулипас.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови