вторник, јули 15, 2025
26.3 C
Skopje

Најмалку 16 убиени во израелските напади во Газа

Најмалку 16 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа во изминатото денноќие, соопштија палестински здравствени претставници.

Меѓу загинатите има пет жени. Нападите се извршени на различни локации, а загинатите се во градовите Кан Јунис и Рафах во јужниот дел на Појасот Газа.

Уште 11 Палестинци се во близина на пункт за дистрибуција на помош на Хуманитарната фондација за Газа (ГФХ), поддржана од САД и Израел. Сведоците велат дека израелските сили отвориле оган врз толпата, додека армијата соопшти дека испукала само предупредувачки истрели во близина на луѓе кои, според нив, им се приближиле на израелските војници.

ГФХ објави дека нејзините пунктови ќе останат затворени денеска, но илјадници луѓе на кои очајно им е потребна храна остануваат околу нив.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови