Најмалку 39 лица загинаа во судирите во Нагорно – Карабах, соопштија денеска властите од тоа подрачје околу кое со децении се спорат Ерменија и Азербејџан, пренесува Бета.
Според новиот биланс, во судирите загинале 32 борци, петмина азербејџански цивили и двајца ерменски цивили.
Азербејџан не го соопшти бројот на жртвите.
Не е јасно што вчера предизвика ескалација на судирот кој беше притаен од јули.
Самопрогласената република Нагорно – Карабах, дел од Азербејџан, бара целосна независност во што има поддршка од Ерменија, додека Баку се согласува само на давање културна автономија.
Во војната меѓу Азербејџан и ерменските сепаратисти во Нагорно – Карабах, која траеше од февруари 1988 година до мај 1994 година, загина повеќе од 20.000 луѓе.