петок, декември 13, 2024
0.8 C
Skopje

Најмалку 51 лице загина во поплавите на Филипините, 19 се водат како исчезнати

 

Бројот на загинати во поплавите на Филипините се искачи на 51, а илјадници луѓе се евакуирани во засолништа, соопштија денеска локалните власти.

Деветнаесет лица се водат како исчезнати.

Во најтешко погодениот регион Северен Минданао, според Националниот совет за управување со катастрофи, загинале 25 лица.

Повеќето луѓе загинале од давење и одрони, а меѓу исчезнатите има и рибари чии чамци се превртеле.

Обилните дождови предизвикаа поплави во 34 градови и најмалку десет региони на Филипините.

Водата се повлекла на повеќето места, но повеќе од 8.600 луѓе сè уште се во засолништа. Оштетени се повеќе од 4.500 куќи, како и патишта и мостови. Во некои области имаше прекини во снабдувањето со струја и вода.

Владата обезбеди храна и други основни потреби, а на терен е распоредена и опрема за чистење.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови