Според прелиминарните податоци, повеќе од 60 луѓе загинаа во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, а бројот на жртви може да се зголеми, објавено е на каналот Телеграм на Рускиот истражен комитет.
Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) синоќа соопшти дека имало пукање и пожар пред концерт во Красногорск кај Москва.
Бројот на ранети во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва се зголеми на 145, соопшти синоќа Министерството за здравство на Московската област.
Министерот за здравство Михаил Мурашко изјави дека се хоспитализирани 115 лица, од кои пет деца, пренесуваат руските медиуми. Според него, во тешка состојба се 60 возрасни и едно дете.
Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка поради терористичкиот напад.
Неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва. Нападот се случил во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт