Во Одеса синоќа во 22:33 часот беше објавен аларм за тревога. Локалните власти ги повикаа жителите на црноморскиот украински град и област да се засолнат во засолништа.
Според информациите од локалните канали на апликацијата „Телеграм“, дронови летале од водите на Црното Море во правец на Одеса.