вторник, февруари 11, 2025
4.8 C
Skopje

Откако се излекува од ковид-19, Џонсон се враќа на работа соочен со најголемиот предизвик досега

Враќањето на Џонсон доаѓа еден месец откако тој доби позитивни резултати на тестот за ковид-19, по што следуваше период на лечење. Додека се бореше со вирусот тој беше префрлен и во болница, а неколку дена помина и на интензивна нега.

Британската е петта најсилна економија во светот, а во владата и партијата на Џонсон, како и меѓу неговите советници, ставовите се поделени околу тоа кога и како економијата треба да почне да се враќа во нормала. Редовен владин состанок за состојбата со ковид-19 е закажан уште денеска.

Велика Британија е една од најпогодените европски земји. Има околу 153 000 заразени со ковид-19 и речиси 21 000 смртни случаи. Мерките и карантинот за спречување на епидемијата, пак, доведоа до тоа британската економија да се бори со предизвикот да не влезе во најголемата рецесија во последните три века и да не го забележи најголемиот раст на долговите по Втората светска војна.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови