четврток, мај 22, 2025
24.8 C
Skopje

Пакистан ги отфрла обвинувањата за воздушни напади на индиска територија

Пакистан ги отфрли обвинувањата дека стои зад серијата пријавени воздушни напади на индиска територија, откако индиското Министерство за одбрана го обвини за ракетни и беспилотни напади.

– Владата на Пакистан категорично ги отфрла неоснованите и неодговорни обвинувања што ги шират индиските медиуми, обвинувајќи го Пакистан за напади врз Патанкот, Џаисалмер и Шринагар, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи во Исламабад.

Претходно, индиското Министерство за одбрана го обвини Пакистан за напади во делот на Кашмир под индиска администрација и на воен објект во државата Пенџаб.

Пакистанскиот министер за информации Атаулах Тарар исто така изјави дека Пакистан не таргетирал никакви локации во Кашмир под индиска администрација или преку меѓународната граница

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови