четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Папата Франциск упати молитви за мир во Сирија, Газа и Украина

Папата Франциск денеска изјави дека е „близок до христијанските заедници кои трпат дискриминација“ и упати молитви за мир во Сирија, Газа и Украина.

„Ги повикувам да истраат во милосрдието кон сите, мирно стремејќи се кон правдата и верската слобода“, рече Папата во својот говор на празникот Свети Стефан, првиот христијански маченик.

Пред големиот број верници на плоштадот „Свети Петар“, Папата додаде дека на Свети Стефан му доверил и „повик за мир за нациите зафатени од војна“.

„Медиумите ни покажуваат што произведува војната. Бевме сведоци на Сирија; сега ја гледаме Газа. Мислиме на напатената Украина. Пустина на смртта. Луѓето сакаат мир“, нагласи Папата, пренесува Ватикан Њус.

Поглаварот на Римокатоличката црква им се заблагодари на христијаните ширум светот за божиќните пораки што му ги испратија.

„Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите што ми испратија пораки со добри желби од Рим и од многу делови на светот. Ви благодариме, особено за вашите молитви“, рече поглаварот на Римокатоличката црква

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови