сабота, април 19, 2025
9.8 C
Skopje

Писториус: Германија обучува 1.200 украински војници

 

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска ја истакна важноста од обезбедување обука и муниција на војската на Украина во време на дебата за потенцијалното снабдување со борбени авиони за Киев.

– Само Германија досега веќе обезбеди специјална обука за 1.200 украински војници за вооружени системи, рече денеска Писториус во Брисел, при пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на НАТО.

Тој рече дека прашањето како да и се обезбеди на Украина доволно муниција и ракети за системи за противвоздушна одбрана добива на важност.

Писториус рече дека „големиот предизвик во следните неколку месеци“ за Украина е да не го изгуби воздушниот простор од руските воздухопловни сили и да избегне уште посилни бомбардирања и напади на критичната инфраструктура.

Германскиот министер за одбрана ја повика одбранбената индустрија да го зголеми капацитетот за производство на муниција.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови