четврток, септември 19, 2024
19.8 C
Skopje

Полицијата во Бангладеш стапи во штрајк

Полицијата во Бангладеш денеска објави дека стапува во штрајк, само еден ден откако протестите што се обидоа да ги задушат со смртоносна сила, ја соборија премиерката од власт.

„Додека нема безбедност за секој припадник на полицијата, ние прогласуваме штрајк“, се вели во соопштението на Здружението на полицијата во Бангладеш, кое претставува илјадници високи полициски службеници.

Во изминатите 24 часа во протестите загинаа 99 луѓе, додека од 15 јули кога почнаа немирите, таа цифра е над 400. Полицијата тврди дека 14 нивни припадници биле убиени во протестите.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови