среда, мај 21, 2025
15.8 C
Skopje

Поранешната кечерка Линда Мекмеон избрана за нова секретарка за образование на САД

Сенатот на САД ја потврди номинацијата на Линда Мекмеон, поранешна директорка на Светската федерација за кеч (WWE), за нова секретарка за образование.

76-годишната бизнисменка ја доби поддршката на 51 сенатор, додека 45 гласаа против. Сите присутни сенатори од Демократската партија гласаа против.

Трамп во својата претседателска кампања за изборите во 2024 година вети дека ќе го укине Министерството за образование, префрлајќи ги неговите надлежности на поединечните сојузни американски држави.

Мекмеон веќе беше дел од администрацијата на Трамп за време на неговиот прв мандат, кога ја предводеше Агенцијата за мали бизниси.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови