Претседателот на Шри Ланка Готабаја Рајапакса рано утринава побегнал од земјата со воен авион со сопругата на Малдиви, само неколку часа пред да поднесе оставка, потврдија военото воздухопловство на земјата, пренесе Ројтерс.
Раџапакса, неговата сопруга и двајца телохранители биле качени во авион на воздухопловството кој летал за главниот град на Малдивите, Мале, соопшти воздухопловството.
Владин извор и лице блиско до претседателот објавија дека тој е во Мале, од каде треба да замине во друга азиска земја.