сабота, април 19, 2025
11.8 C
Skopje

Принцот Филип излезе од болница

Принцот Филип, сопруг на британската кралица Елизабета Втора, на Бадник e пуштен од лондонската болница каде што помина четири дена поради инфекција.

Војводата од Единбург, како што гласи официјалната титула на принцот Филип (98), излегол од болницата „Крал Едвард VII“ и влегол во автомобилот со кој го одвезле, пренесе „Ројтерс“.

Принцот Филип беше примен во болница поради мерки на претпазливост, соопшти Бакингамската палата.

Британската кралица и принцот Филип се во брак 72 години.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови