среда, ноември 6, 2024
1.8 C
Skopje

Принцот Хари загуби титула затоа што коментирал за изборите во САД

Принцот Хари „ја преминал границата“ кога отворено говорел за американската политика во неодамнешното видео, поради што војводата повеќе нема да биде на чело на кралските маринци, објавија британските весници.

Огласот за неговото повлекување од функцијата генерал-капетан на кралските маринци беше објавен претходно годинава кога тој официјално се откажа од должностите во монархијата на крајот на март. Губењето на неговите воени титули, наводно, било поразувачки за војводата, а сега, весниците цитираат извори кои тврдат дека Палатата не сака да ги му врати титулите на Хари.

Принцот Вилијам би требало да го замени неговиот помлад брат како нов шеф на кралските маринци.

Овој потег, потврден од високи извори на Кралската морнарица синоќа, предвидува дека резултатот од 12-месечната ревизија над принцот Хари нема да најде причина да ги промени постоечките договори.

Експерт за кралското семејство рече дека неодамнешните коментари на војводата за претстојните претседателски избори во САД може да придонеле за статус кво состојбата.

Коментирајќи ги плановите принцот Вилијам да стане нов генерал-капетан на кралските маринци, Ричард Палмер, кралски дописник на „Дејли експрес“, рече: „Насловот во дописот не го споменува Хари, но тоа несомнено ќе биде удар за него ако се случи ова.“

Минатиот месец Меган и Хари се појавија во видео во кое навидум го поддржаа Џо Бајден на претседателските избори во ноември.

Меган ги повика Американците да гласаат на „најважните избори во нашиот живот“, додека Хари им рече на гласачите „да го отфрлат говорот на омраза, дезинформациите и негативноста на интернет“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови