недела, мај 18, 2025
8.2 C
Skopje

Приоритет на Британија е излегување од ЕУ на 31 јануари

Главниот приоритет на британскиот премиер Борис Џонсон е земјата да ја напушти Европската унија на 31 јануари, изјави денеска министерот Мајкл Гов, откако владеачките конзервативци освоија апсолутно мнозинство во парламентот.

Гов кажа дека парламентот во релативно краток рок ќе има можност да гласа за спогодба за излез од ЕУ, пренесоа британските медиуми.

Тој повтори дека владата во Лондон нема да дозволи одржување втор референдум за независност на Шкотска.

Од друга страна, главниот приоритет на британската Влада на внатрешен план ќе биде поддршка за јавната здравствена служба.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови