среда, мај 21, 2025
15.8 C
Skopje

Путин омекнува: Можно е да ги намали трошоците за одбрана

Владимир Путин сигнализираше дека може да се согласи со предлозите на Доналд Трамп за масовни намалувања на одбраната во замена за САД да го направат истото – додека Европа работи на зголемување на своите воени трошоци наспроти руската закана.

Американскиот претседател изјави дека сака разговори со Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг за намалување на воените буџети за 50 отсто во сите три земји, објавија светските медиуми.

„Мислам дека идејата е добра: Соединетите Држави би намалиле за 50 отсто, а ние би намалиле за 50 отсто“, рече Владимир Путин,д одека нивните две земји продолжуваат да разговараат за ставање крај на војната во Украина.

„И Народна Република Кина тогаш ќе се приклучи ако сака. Сметаме дека предлогот е добар и подготвени сме за дискусија за тоа.’

Сето ова се случува кога Трамп ги повика европските лидери да трошат повеќе за одбраната, при што францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Вашингтон вчера се согласи дека континентот треба да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност.

Франција би можела да биде подготвена да го искористи своето нуклеарно одвраќање за да ја зајакне европската одбрана.

Распоредувањето борбени авиони со нуклеарно оружје во Германија може да испрати силна порака до рускиот диктатор, изјави француски функционер за Телеграф, додека дипломатите во Берлин наводно сугерирале дека ќе ја повикаат Британија да го стори истото.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови