На денешната средба во Санкт Петербург помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан се разговараше за билатералните односи, како и за решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах.
– Неодамна имавме состанок на меѓувладината комисија, колегите забележаа дека ситуацијата во нашата економија се развива многу позитивно. За 10 месеци од оваа година, трговскиот промет е зголемен за 73 проценти, што е добар резултат, истакна Путин.
Тој наведе и дека Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев вчера разговарале за решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах за време на неформалниот состанок на шефовите на држави на Заедницата на независни држави (ЗНД).
– Почнавме да разговараме вчера и, се разбира, главното прашање е решавањето на ситуацијата во Јужен Кавказ во целост и ерменско-азербејџанските односи, сè што е поврзано со Карабах, посочи Путин.
На 26 и 27 декември во Санкт Петербург се одржува неформален состанок на шефови на држави на Заедницата на независни држави.