сабота, декември 7, 2024
8.8 C
Skopje

Рама до Блинкен: Албанија подготвена да биде домаќин на Самитот на НАТО во 2027 година

Премиерот на Албанија Еди Рама упатил писмо со благодарност до американскиот државен секретар Ентони Блинкен за оценките што ги искажал за време на неколкучасовниот престој во Тирана.

Високо оценувајќи ги билатералните односи меѓу Албанија и САД тој предлага следниот самит на НАТО во 2027 година да се одржи во Тирана „за да се даде јасна порака до сите земји од Западен Балкан“.

-Верувам дека дојде моментот за првпат Алијансата да одржи самит на Западен Балкан. Како што разговаравме во Тирана, сакам повторно да ја потврдам подготвеноста на Албанија да биде домаќин на Самитот на НАТО во 2027 година, веднаш по оној што ќе се одржи во Турција. Одржувањето на овој самит би било од големо значење и за Алијансата и за Западен Балкан и би испратило силна порака за стратешкото значење на овој регион за НАТО, пишува меѓу другото Рама.

Исто така, тој наведува дека Албанија „останува посветена на поддршката на многу потребната реформа на владеењето на правото, како критична основа на албанската демократија и витален столб во напорите за борба против корупцијата“. вт

Блинкен во посета на Тирана беше на 15 месецов, што беше негова прва посета на Албанија, односно тој е шестти амеркански државен секретар кој престојувал во оваа земја.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови