среда, мај 21, 2025
15.8 C
Skopje

Распишан конкурс за избор на европски престолнини на паметниот туризам за 2026 година

Европската комисија денеска го објави конкурсот за избор на Европска престолнина на паметниот туризам и на Европски зелен пионер на паметниот туризам за 2026 година.

На конкурсот можат да учествуваат сите туристички дестинации од Европа, кои треба да ги достават своите иновативни практики за паметен и одржлив туризам со што ќе станат водечки примери во овој сектор.

При изборот на Европската престолнина на паметниот туризам, градските туристички дестинации кандидати ќе се оценуваат за извонредни достигнувања во четири категории: одржливост, пристапност, дигитализација и културно наследство и креативност. За оваа титула може да конкурираат европски градови со население од над 100.000 жители.

За титулата, пак, Европски зелен пионер на паметниот туризам можат да се натпреваруваат населени места со од 25.000 до 100.000 жители, кои успешно имплементирале практики за зелена транзиција за промовирање на одржлив туризам.

Рокот за пријавување на конкурсот почнува од денеска и ќе трае до 30 мај 2025 година во 17:00 часот по средноевропско време.

Според еврокомесарот за одржлив транспорт и туризам, Апостолос Ѕиѕикостас со доделување на овие признанија на градовите кои успешно го прифатиле паметниот, одржлив и напреден туризам, ЕУ сака да ги инспирира другите населени места да го следат нивниот пример.

– Победници дават моќен пример, покажувајќи дека туризмот може да напредува со почитување на локалните заедници и зачувување на уникатниот идентитет на секој град. Со нетрпение очекуваме да ги добиеме вашите апликации, порача Ѕиѕикостас по повод објавувањето на конкурсот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови