Рускиот претседател Владимир Путин денес ќе ја одржи традиционалната годишна конференција за која се акредитраа рекорден број на новинари – дури 1.895, пренесува српски „Блиц“.
Путин порано започна да се подготвува за годишната конференција, а според зборовите на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претседателот по тој повод разговарал со министрите, вицепремиерите и шефовите на федералните агенции за да добие најнови информации за општествената и економската ситуација во земјата.
Минатата година за овој настан беа акредитирани 1.702 новинари, а настанот траеше три часа и 43 минути.
Ова е петнаесетата годишна конференција на Путин која првпат е оддржана во 2001 година, а тогаш ја следеле повеќе од 500 новинари. Првата конференција пред 18 години најкратко траела, само еден час и 35 минути, додека најдолгата била во 2008 година – четири часа и 40 минути. Од 2004 година до денес сите конференции траеле повеќе од три часа.