четврток, мај 22, 2025
24.8 C
Skopje

Рубио: Иран не може да збогатува ураниум, може да увезува само за цивилна програма

Иран, според каков било договор со САД, ќе мора да престане со збогатување ураниум и би можел да увезува што му е потребно за цивилна нуклеарна програма, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио пред разговорите меѓу Техеран и Вашингтон закажани за в сабота.

Иран, меѓутоа, јасно стави до знаење дека за неговото право на збогатување ураниум не може да се преговара.

„Нулта збогатување (ураниум) е неприфатливо“, изјави висок ирански функционер близок до иранскиот преговарачки тим.

САД сакаат да го спречат Иран да развие нуклеарна бомба, а претседателот Доналд Трамп врши „максимален притисок“ со санкции и се закани дека ќе употреби воена сила доколку Иран не ја прекине својата нуклеарна програма.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови