Рускиот суд го казни „Гугл“ со четири милиони рубљи (43.680 долари) затоа што не го блокирал пристапот до одредени содржини забранети во Русија.
Судот го прогласи „Гугл“ за виновен бидејќи не постапил во согласност со законот и не го ограничил пристапот до некои забранети содржини на Јутјуб.
„Гугл“ и претходно беше казнет поради слични причини.
Подружницата на компанијата во Русија покрена стечајна постапка во 2022 година со образложение дека не може да ги исполни своите финансиски обврски.