Регионалната воена администрација на Одеса рано утрово соопшти дека Русија извршила нови напади со дронови врз украинскиот пристанишен град.
Во нападот се оштетени станбени згради и повредени се најмалку три лица, соопшти воената администрација на Телеграм и додаде дека од оштетените домови морале да бидат евакуирани окоу 130 лица.
ДПА нагласува дека информациите првично не можат да бидат независно проверени.
Откако Русија во февруари 2022 година ја нападна Украина, стратешки важното црноморско пристаниште Одеса постојано е под руски оган