четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Руски војник осуден на пет години затвор поради избегнување воен рок за време на мобилизација

Воениот гарнизон на рускиот град Уфа во Република Башкорстан го осуди Марсел Кандаров, 24-годишен воен припадник на пет години затвор поради избегнување да служи воен рок за време на мобилизација, пренесоа руските медиуми.

Судот утврди дека во мај 2022 година Кандаров „не сакал да учествува во специјална воена операција“ и одбил да се пријави на воена служба.

Во септември 2022 година, тој беше откриен од припадници на службите за борба против криминал, со што се „заврши неговото бегство“, се наведува во соопштението.

Павел Чиков, шеф на групата за човекови права Агора, на крајот на октомври информира за првата кривична постапка за воено отсуство во Русија против Роман Каштаков, жител на Јакутија.

На крајот на декември се појави веста дека воениот гарнизонски суд во Уфа го осудил Салават Мирасов (27) на три години затвор за неовластено напуштање на службата за време на мобилизација.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови