Според универзитетот Џонс Хопкинс, во САД во последните 24 часа починале 1.169 луѓе, истиот ден кога беше објавено дека уште 6,6 милиони Американци останале без работа. Околу 90% од американското население моментално живее под наредбата да седи дома, а голем број фабрики, ресторани и други бизниси престанаа со работа. Економистите предупредуват дека економската криза во САД би можела да достигне ниво какво што не е видено од Големата депресија во 1930-ите.
Според проценките на банкарскиот сектор, пандемијата на коронавирусот ќе ја чини светската економија 4,1 трилион (4.100 илјади) милијарди долари, што е околу 5% од севкупната економска активност.
Во САД досега има над 245.000 заразени, најмногу на светот и над 6.000 починати.
И во Германија сега има повеќе од 1.000 починати од КОВИД-19, додека бројката заразени порасна за 6.714 во еден ден.