Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги отфрли тврдењата за наводна испорака на оружје за Русија.
„Лажната информација на јапонските медиуми дека КНДР и понудила муниција на Русија е најапсурдна лага, што не е достојна за никаков коментар или толкување“, рече портпаролот на Министерството во соопштението на англиски јазик објавено од државната администрација.
Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, вчера изјави дека Северна Кореја и доставила оружје на руската приватна воена компанија Вагнер и дека планира уште испораки.