петок, септември 20, 2024
15.8 C
Skopje

Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре во Јужна Кореја

Јужна Кореја денеска соопшти дека регистрирала балони за кои постои сомневање дека носат ѓубре, што повторно им било пратено од Северна Кореја.

Градската управа на Сеул, главниот град на Јужна Кореја, денеска издаде предупредувања во кои се наведува дека летечки објекти, што најверојатно се севернокорејски балони, се забележани во регионите северно од градот.

На луѓето им е препорачано да останат во затворени простории и да внимаваат на предмети кои паѓаат од небо.

Јужнокорејската војска веднаш не даде детали за инцидентот и нема информации за повредени или материјална штета.

Северна Кореја во последните неколку недели и месеци испрати илјадници балони со отпадна хартија, остатоци од ткаенина и отпушоци на југот, како одмазда за јужнокорејските граѓански активисти кои испраќаа пропагандни летоци против режимот на Пјонгјанг, исто така преку границата.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови