сабота, декември 14, 2024
-3.2 C
Skopje

Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета со цврсто гориво

Северна Кореја денеска успешно тестираше нова хиперсонична ракета со цврсто гориво со среден до долг дострел, објавија севернокорејските медиуми.

Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета со среден дострел со тестирање на ракета со цврсто гориво, што предизвика брза осуда од официјален Сеул, Јапонија и САД.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше лансирањето на ракетата и го пофали стратешкото оружје, велејќи дека тоа ја демонстрира „апсолутна супериорност“ на севернокорејската одбранбена технологија, пишува севернокорејскиот весник „Родонг Синмун“.

Според весникот, претседателот Ким кажа дека Северна Кореја „целосно ги активирала сите тактички, оперативни и стратешки способности на ракети со цврсто гориво со различен дострел, способни да носат нуклеарни боеви глави“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови