Во сабота навечер во Италија се регистрирани три земјотреси. Првиот во 22:55 минути со магнитуда од 3.7 степени според Рихетровата скала во близина на Акуила.
Неколку минути подоцна во 23:16 минути регистриран е нов земјотрес со 3.4 степени според Рихетровата скала. Пет минути подоцна е регистриран уште еден земјотрес, но со помала магнитуда, 2.2 степени.
Паниката и стравот ги натераа жителите на ова подрачје да останат на улиците цела ноќ.
Засега нема информации за штети над домовите или повредени лица.
Пред десет години земјотрес од 6.3 степени ја зафати Акуила, по што животот го загубија 309 луѓе, додека над 1.600 лица беа повредени.