недела, септември 8, 2024
21.8 C
Skopje

Се огласи потпретседателот Пенс: Им посакувам брзо закрепнување на претседателот и првата дама

Американскиот потпретседател Мајк Пенс упати желби за брзо закрепнување за претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија, откако тие објавија дека се позитивни на коронавирусот.

Пенс преку Твитер посака претседателот Трамп и првата дама Меланија да закрепнат набргу.

„Карен и јас испраќаме љубов и молитви за нашите прекрасни пријатели Доналд Трамп и Меланија. Се придружуваме на милионите ширум САД кои се молат за нивно брзо закрепнување. Господ да ги благослови претседателот Трамп и нашата прекрасна прва дама Меланија, напиша Пенс.

Слични текстови