вторник, јануари 14, 2025
-0.2 C
Skopje

Сијарто: Бугарија и Романија заслужија да влезат во Шенген

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто рече дека на Романија и на Бугарија требало да им биде дозволено да се приклучат на Шенген зоната бидејќи тие работат напорно за да ги заштитат своите граници и направиле многу за да ја спречат илегалната миграција.

Во објава на Фејсбук, Сијарто напиша дека Хрватска доби статус на шенген-земја, додека Романија и Бугарија беа одбиени иако го заслужија тој статус.

Како што напиша тој, одбивањето е последица на ветата што ги ставија Австрија и Холандија, додека „сите други ги поддржаа“ Бугарија и Романија да влезат во Шенген.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови