недела, јануари 12, 2025
0.8 C
Skopje

Соработничка на Орбан поднесе оставка по неговата изјава дека е против мешање на расите

Блиска соработничка на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Жужа Хегедуш поднесе оставка по неговата изјава дека е против мешањето на расите.

Меѓународниот комитет на Аушвиц го нарече говорот „глупав и опасен“.

Портпаролот на Орбан изјави дека медиумите погрешно го претставиле говорот.

На митингот во Романија во саботата, Орбан рече дека државите во кои се „мешаат“ европски и неевропски „повеќе не се нации“, пренесуваат агенциите.

„Ние Унгарците не сме мешана раса… и не сакаме да станеме мешана раса“, кажа Орбан во саботата.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови