понеделник, декември 9, 2024
4.8 C
Skopje

Столтенберг: Знамето на Шведска во понеделник ќе биде подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел

Знамето на Шведска, која од денеска стана полноправна членка на НАТО, во понеделник ќе биде подигнато пред седиштето на Алијансата во Брисел. Ова го соопшти генералниот секретар на Пактот, Јенс Столтенберг.

Веќе е официјално дека Шведска е 32-та држава во НАТО. Така, земјата го зазема заслуженото место меѓу сојузниците, напиша Столтенберг на социјалната мрежа „Икс“.

Влегувањето на Шведска во НАТО го прави пактот посилен, а земјата побезбедна, додаде Столтенберг.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови