сабота, април 26, 2025
11.8 C
Skopje

Столтенберг: Сè уште траат консултациите за испраќање на германски тенкови во Украина

 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека испраќањето на тенковите Леопард 2 од германско производство „сè уште е дел од тековните консултации“ со земјите кои ја поддржуваат Украина.

Столтенберг, од американската воздухопловна база Рамштајн во Германија, истакна дека НАТО обезбедува значително повеќе тешко оружје и друга воена помош за Украина.

Тој, одговарајќи на прашањето дали Украина ќе стане членка на НАТО, наведе дека ставот на Алијансата и сојузните што го поддржуваат Киев, е непроменет.

Според Столтенберг на Украина и е потребна поддршка за одржување на постарата опрема за истата да може „правилно да функционира“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови