сабота, октомври 12, 2024
19.8 C
Skopje

Сунак: Иранските закани против Израел се неприфатливи

 

Иранските закани дека ќе изврши ракетен напад врз Израел се неприфатливи, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак, потврдувајќи ја поддршката на Велика Британија за правото на Тел Авив да се брани.

 Минатиот месец во воздушен напад врз Конзулатот на Иран во Сирија загинаа двајца ирански генерали. Според американската армија нападот го извршил Израел.

 Иако Израел не го коментираше нападот, иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека земјата „мора и ќе биде казнета“.

 Сунак ги осуди коментарите на ајатолахот Хамнеи како неприфатливи.

 – Ние, како и Американците, целосно го поддржуваме правото на Израел да се брани, посочи Сунак. Тој додаде дека Лондон веќе го „обележал Иран како значаен ризик за регионалната безбедност“ и презел чекори за заштита на Велика Британија од заканите од Техеран.

 Израел веќе се закани дека директно ќе го нападне Иран доколку изврши напад од негова територија, а се стравува дека војната меѓу Израел и Хамас може да се прошири и преку вклучување на милитантната група Хезболах со седиште во Либан, поддржана од Иран.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови