вторник, септември 10, 2024
15.8 C
Skopje

Тајландските безбедносни сили во судир убиле 15 шверцери на дрога

Во размена на оган со припадниците на тајландските безбедносни сили на север во близина на границата со Мјанмар, убиени се 15 шверцери на дрога, а запленети се околу два милиони таблети метамфетамин, соопштија денеска тајландски официјални претставници.

„Судирот се случил откако локалната полиција добила дојава за активностите на шверцери во пограничната област со Мјанмар во провинцијата Чианг Раи. Припадниците на тајландските безбедносни сили открија група од околу 20 луѓе кои носеа ранци во областа, почнаа да ги идентификуваат и побараа да ги прегледаат ранците, но членовите на оваа група почнаа да пукаат во нив, изјави Фанурат Лукбун, вршител на должноста генерален секретар на Одборот за контрола на наркотици.

Тој изјави дека конфликтот траел околу 15 минути и дека сите припадници на тајландските безбедносни сили се неповредени. На осомничените шверцери биле пронајдени 17 ранци направени од вреќи со вештачко ѓубриво во кои имало повеќе од два милиони таблети метамфетамин, потврдија официјални лица.

Слични текстови