Во Каиро е постигнат напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа и има договор за основните точки меѓу сите вклучени страни, јави рано утринава египетскиот државен ТВ канал „Ал Кахера њуз“, цитирајќи висок египетски извор.
Израел и Хамас вчера испратија тимови во Египет на нова рунда разговори за евентуален прекин на огнот во шестмесечниот конфликт.
Британските медиуми пренесуваат дека засега нема коментар од Хамас и ниту една од страните на разговорите во Каиро не го потврди извештајот на телевизијата „Ал Кахара“.
Според египетската телевизија, делегациите на Хамас и Катар го напуштиле Каиро и ќе се вратат во рок од два дена за да ги договорат условите за конечниот договор, додека делегациите од Израел и САД ќе го напуштат египетскиот главен град за неколку часа.
Од преговарачките тимови се додава дека консултациите ќе траат во следните 48 часа.
Хамас вчера повтори дека неговите барања вклучуваат траен прекин на огнот, повлекување на израелските сили од Газа, враќање на раселените и размена на палестински затвореници за израелски заложници држени во Газа