недела, декември 8, 2024
0.8 C
Skopje

Тесла го зголеми производството и испораката на возила во четвртиот квартал од 2022 година

 

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла, покрај стравувањата од забавување на побарувачката под притисок на поскапите кредити и знаците на рецесија, во четвртиот квартал од 2022 година го зголеми производството и испораката на возила.

Во последните три месеци од минатата година Тесла испорача вкупно 405.278 возила, четири отсто повеќе во споредба со истиот период претходната година.

Стапката на раст следи по зголемувањето на испораките на компактни лимузини Модел 3 и спортските возила (СУВ) Модел Ипсилон, со испорачани 388.131 возила.

Во последното тримесечје од 2022 година Тесла 17.147 Модел С/Х односно девет проценти повеќе отколку во четвртиот квартал од 2021 година.

Во трите месеци заклучно со декември Тесла произведе 439.701 автомобил, а во текот на цела 2022 година произведени се 1,37 милиони возила, што е за 47 отсто повеќе од 2021 година, а испорачани се 1,31 милион возила.

Компанијата соопшти дека во текот на минатата година имала проблеми поради коронавирусот и притисоци врз синџирите на снабдување.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови