недела, април 20, 2025
6.8 C
Skopje

Трамп ја разлути Кина со законите за поддршка на Хонгконг

Доналд Трамп потпиша два закони со кои се гарантира заштитата на човекови права на демонстрантите во Хонгконг, предизвикувајќи бурна реакција од Пекинг, пренесува „Индипендент“.

Законите беа потпишани претходната недела речиси со едногласна согласност од Белата куќа и Сенатот. Тие ги обврзуваат САД да вршат годишни прегледи врз автономијата на Хонгконг.

Доколку се утврди дека независноста му е загрозена, Хонгконг ќе биде под опасност да го изгуби статусот на трговски партнер на САД, односно поволните тарифи и позицијата на глобален финансиски центар.

Законите исто така се осврнуваат и на употребата на гумени куршуми, солзавец и други алатки за контролирање на толпата, која веќе протестира шест месеци. Санкции ќе добијат и оние кои ги прекршуваат човечките права во Пекинг и Хонгконг.

Администрацијата на Кери Лам изјави дека е против носењето на ваквите закони, наведувајќи дека тие ќе ги нарушат односите со САД и испаќаат погрешна порака до демонстрантите.

Пекинг го осуди ваквиот потег на САД и се закани со „последици“, тврдејќи дека станува збор за мешање во внатрешните политика на Кина и е опасен потег полн со предрасуди и ароганција.

– САД ги игнорираат фактите и гледаат се црно-бело, давајќи им на насилните криминалци кои оштетија и палеа јавна сопственост, го прекршија законот и го загрозија социјалниот поредок поддршка и надеж – се вели во соопштението.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови