среда, мај 21, 2025
15.8 C
Skopje

Туск: Извештаите од украинската граница ја потврдуваат паузата во пристигнувањето на помошта од САД

Извештаите од јужна Полска потврдуваат дека американската помош за Украина е прекината, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

„Најавена е одлука да се прекине американската помош за Украина и евентуално да се започне со укинување на санкциите кон Русија, од американска страна. Извештаите кои доаѓаат од границата Јасионка…ги потврдуваат изјавите од американската страна“, рече Туск на владиниот состанок.

Претходно денеска, Туск на платформата „Икс“ напиша дека суверена, прозападна Украина која може да се брани значи и посилна и побезбедна Полска, а портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Павел Врноски, изјави дека Трамп ја донел одлуката да ја прекине помошта за Украина без консултација со сојузниците.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови