четврток, октомври 3, 2024
23.8 C
Skopje

Уапсени 16 луѓе поради експлозијата во Бејрут

Либанските власти уапсија 16 лица во рамки на истрагата за експлозијата во магацинот, објави денеска либанската новинска агенција ННА, а правосудни извори и локални медиуми наведуваат дека меѓу притворените е и главниот директор на пристаништето.

Судијата Фади Акики, владин претставник во воениот суд, изјавил дека досега се испитани повеќе од 18 пристанишни и царински службеници и лица одговорни или вмешани во работата на одржување на магацинот во кој експлодира амониум нитратот, пренесе Ројтерс.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови