недела, јануари 12, 2025
0.8 C
Skopje

Уставниот суд на Грузија го отфрли барањето за поништување на резултатите од парламентарните избори

Уставниот суд на Грузија денеска го отфрли барањето за поништување на парламентарните избори одржани на крајот на октомври, на кои победи владејачката партија Грузиски сон, која е на власт од 2012 година.

Опозицијата смета дека изборите биле наместени и во последните денови организира проевропски демонстрации.

„Уставниот суд не ги прифати жалбите…со кои се бараше изборите од 26 октомври да се прогласат за неуставни“, соопштија од судот, прецизирајќи дека тоа е „конечна“ одлука.

Во Грузија од минатиот четврток секојдневно има протести поттикнати од одлуката на партијата Грузиски сон да ги одложи до 2028 година преговорите за пристапување во Европската унија, што е цел наведена во самиот Устав на земјата.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови