САД и Јапонија го планираат најголемото досега унапредување на нивниот безбедносен сојуз откако двете земји потпишаа заеднички одбранбен договор во 1960 година, објави „Фајненшл Тајмс“.
Планот на 10 април ќе го објават американскиот претседател Џо Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида на средбата во Белата куќа.
„Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на луѓе запознаени со ситуацијата, објави дека планот ќе ја реструктуира американската воена команда во Јапонија за да го зајакне оперативното планирање и заедничките воени вежби.
Бајден би требало да биде домаќин на Кишида на 10 априлза кога е планиран свечен настан, вечера и политичка средба.
Јапонија е близок сојузник кој е клучен за американската стратегија кон Кина, Северна Кореја и другите азиски безбедносни прашања.
Американскиот Стејт департмент не одговори веднаш на барањето за коментар. Јапонската влада беше недостапна за коментар.